Децата на Лино Червар пораснаа – Талески и Кузмановски први стрелци во баражите!

2678

Македонската ракометна репрезентација го продолжи континуитетот на учества на големоте натпреварувања. По завршувањето на Европското првенство во Дебрецин, нашиот национлен тим мораше да одигра два баражи за да завери мундијалска виза, на патот стоеја Романија и Чешка, две тешки задачи.

Иако се чинеше дека мисијата е невозможна, сепак ракометарите покажаа на дело достоинство, како што кажа првиот човек на РФМ, Живко Мукаетов.

На овие четири натпревари, македонската нација го доби она што долго време го чекаше. Децата на Лино Червар, Филип Талески и Филип Кузмановски пораснаа во вистинска смисла на зборот. Велиме на Червар бидејќи и двајцата во Металург ги научија најважните лекции, овој период беше клучен. Токму од Автокоманда почнаа да ги градат своите кариери.

На изминатите четири меча испратија порака дека нивното време допрва доаѓа, двајцата беа одлични на теренот, го покажаа најдоброто во националниот дрес, останува сите љубители на ракометот да продолжат со истата поддршка.

Тале и Фитиљ се први стрелци во редовите на македонската репрезентација. Ракометарот на Вардар на четири средби постигна 23 гола, додека пак Кузмановски имаше еден помалку.

Зад нив е иконата на македонскиот ракомет Кирил Лазаров со 19 гола. Следи Пешевски со осум, по седум имаат Миркуловски и Гоергиевски, Стоилов запиша пет погодоци, додека Ојлески има четири. Јагуриновски е стрелец на три гола, Макроски и Павле Атанасијевиќ на два, по еден има Петар Атанасијевиќ.

Иако ракометот е тимска игра, сепак бројките зад Талески и Кузмановски радуваат, со оглед дека од нив се очекува да ги повлечат помладите ракометари во иднина. Стоилов и Миркуловски завршија со настапот во националниот дрес, истото во октомври треба да го стори Лазаров, па главниот „товар“ ќе падне врз нив. Добра вест е што дел од помладите ракометари даваат „искра надеж“, имаме квалитет, но да го задржиме трпението на ниво не кое заслужуваат сите кои ќе го облечат националниот дрес.

ПретходноПо заверката на АБА-лига, МЗТ Скопје се враќа на старите обврски – ТФТ го чека во „Кале“
СледноМЗТ Скопје Аеродром „раскина“ со Морис Кари