Интер понудил 20 милиони евра за Филип Костиќ

152

Српскиот репрезентативец Филип Костиќ игра уште една одлична сезона во Бундеслигата, па деновиве се повеќе се шпекулира дека тој летово ќе си замине од Германија.

Интересот за српскиот репрезентативец порасна по победата на Ајнтрахт против Барселона во четвртфиналето на Лига Европа, каде тој постигна два гола на реваншот на „Камп Ноу“.

Германските медиуми денеска објавија дека Интер веќе испратил конкретна понуда до клубот од Франкфурт. Миланезите наводно нудат 14 милиони евра како обештетување и додаваат уште четири милиони за бонусите. Костиќ ќе добие договор на четири сезони со плата од пет милиони евра по сезона.

ПретходноГолемо признание: Ива Пројковска ќе суди на женското Европско првенство во Англија ова лето!
СледноПеле е добар, за неколку дена излегува од болница