И МЗТ Скопје 2 го зеде скалпот на „Академците“, Ангели испушти сензација

122

Денеска се одиграа два натпревари во плеј-аутот. Откако вториот тим на МЗТ Скопје не успеа да дојде до победа над Работнички, тоа го стори против Академија ФМП. Тимот од Кисела Вода влезе во црна низа, откако целосно го промени составот за мечевите во овој дел од сезоната. Па малите „штркчиња“ максимално го искористија тоа, по голема драма на гостински терен славеа со 88-89.

Гостинскиот тим одигра одлично во првата четвртина, истата ја доби со 15-31, која и бепе клучна за ваквиот развој. Следните три период минаа во знакот на Академија ФМП, но сепак тоа не беше доволно за пресврт.

Петровски и Блажевски со по 16 поени беа први стрелци, на другата Бакоч имаше 28 поени.

Ангели испушти шанса за нова сензација. Од гостувањето кај Куманово си оди со минимален пораз од 84-80. Избраниците на Боби Митев ја имаа контролата на мечот, имаа и двоцифрено водство од 49-61, во последната четвртина влегоа и со плус пет 65-70, но за жал во самиот финиш го платија данокот на неискуство.

Марјановиќ со 33 поени беше прв стрелец кај домаќинот, на другата страна Рејм имаше 16 поени.

ПретходноСтевковски: Македонија ЃП заслужи да се радува
СледноЕднаквоста раѓа квалитет. ФФМ дел од Прогрес – ЕРАЗМУС+ проектот за родова еднаквост