Кин: „Си играат со гордоста, толку е тажно да се гледа овој Манчестер Јунајтед“

217

Некогашната ѕвезда во составот на Манчестер Јунајтед, Рој Кин вели дека неговиот гнев кон резултатите на „црвените ѓаволи“ по синоќешниот пораз од Ливерпул сега се претворил во тага. Причина за тоа е начинот на кој Јунајтед го загуби синоќешниот дуел на „Енфилд“.

Поранешниот капитен на Јунајтед кој освои седум шампионски титули за време на неговите 12 години на „Олд Трафорд“ верува дека клубот во моментот „не ја одразува“ големината на името и реномето на еден Манчестер Ј.

„Бев гневен како навивач на Манчестер Јунајтед претходно во текот на сезоната. Сега сум само тажен“, изјави Кин за „Скај Спортс“.

„Погледнете го тимот денес… Мислам дека таму немаше ни срце, ни душа, ни лидери… Во овој тим недостига вистински квалитет. Толку се далеку и ги гледате навивачите на Јунајтед вечерва… едноставно нема изненадување со резултатот. Чувствувавте дека Ливерпул може да постигне гол кога и да тргне напред. Во клубот владее неред од врвот. Под итно треба нови имиња, треба нов менаџер, требаат нови луѓе внатре. Толку е тажно да се гледа Јунајтед, што помислувате дека не е клубот за кој сте играле. Овој состав не го одразува Јунајтед за кој јас играв. Си играат со гордоста. Толку е тажно да се гледа овој тим…“, заврши Кин.

ПретходноСекуловски: Сите карти ги ставивме на Купот
СледноГолемо признание: Ива Пројковска ќе суди на женското Европско првенство во Англија ова лето!