Мбапе, Рамос, Маркињос…нови три бода за ПСЖ! (ВИДЕО)

108

Лесна победа на ПСЖ со 0:3 на гости кај Анже вечерва во меч од 33.коло во Лига 1. Лесно е кога во тимот го имаш Мбапе кој во 28.минута го “отвори“ домашниот тим. Следуваше удвојување на водството и тоа со голот на Рамос во 45+1.минута, за да Маркињос во 77.минута ги постави конечните 0:3.

Вистинска “лудница“ се случуваше во Марсеј, каде домашниот состав со 3:2 го победи Нант. Гостите на двапати водеа со 0:1 и 1:2, но со головите на Паје и Харит сепак домашните славеа со 3:2.

ПретходноЈуве ја победи Фиорентина и си закажа финале во Купот со Интер! (ВИДЕО)
СледноБензема промаши два пенали, сепак “кралевите“ славеа кај Осасуна и се на чекор до титулата! (ВИДЕО)