Мегваер: Да бев толку лош, немаше да играм на секој меч

516

Манчестер Јунајтед игра многу лошо сезонава, а редовен „дежурен виновник“ е Хари Мегваер. Тој е често на удар на јавноста, а секако тој самиот знаеше дека ќе биде така затоа што клубот за него плати неверојатни 80 милиони евра па очекува од него да биде непогрешлив.
Англискиот дефанзивец во разговор за Скај Спортс изјави дека не смета дека игра лошо.
Имав неколку лоши натпревари, но да бев толку лош, немаше да играм на секој натпревар и тоа кај двајца тренери. Постои причина зошто сум во почетните 11 на секој натпревар. Но, разбирам дека сум капитен, дека клубот плати многу за мене и кога работите не се добри и ние примаме многу голови, јас ќе бидам критикуван“, вели Мегваер.

Тој додаде дека екипата е лошо избалансирана.
Некогаш играме добро во одбрана, но нападот не функционира. Некогаш е обратно. Ние имаме добри играчи, но тоа не значи дека имаме добра екипа. Тоа сезонава го покажува местото на табелата“, вели англискиот бек.

ПретходноМЗТ Скопје Аеродром „раскина“ со Морис Кари
СледноБез руски и белоруски тенисери на Вимблдон