ТФТ и МЗТ Скопје одиграа одличен натпревар, победникот беше решен во последната четвртина, а таму разликата ја направи Хортон. Токму благодарение на него, тимот од Тафталиџе славеше со 73-69.
Гостите имаа шанса да го решат овој меч во своја корист многу порано, но брзо ја испуштија предноста од првиот дел. Хортон во завршницата беше клучниот играч, на крајо зад своето име запиша 17 поени и 7 скока, зад него беше Бишоп со 13 беше втор стрелец. На другата страна Мекиќ имаше 14 поени, Дамјан Стојановски 11.
Актуелниот македонски првак одлично влезе на мечот, поведе со 5-15 по седум минути игра, беше и 8-18. По првата четвртина предноста во корист на МЗТ Скопје изнесуваше плус 11 (11-22).
Избраниците на Александар Петровиќ доминираа и во следните неколку минути од вториот период, кога дојдоа до водство од 17-31. Се чинеше дека ТФТ немаат решение за играта на противникот, но полека ја топеа нивната предност. Пред одморот беше 34-37.
МЗТ до 27. минута имаше контрола на дуелот, новајлијата во редовите на домашниот тим Морган донесе прва позитива на ТФТ (52-51) за интересна завршница во пресметката меѓу овие два тима. Освојувачот на Купот на Македонија го доби третиот период со 24-13, па во решавачките десет минути влезе со позитива од пет поени.
Гостите со серија од 2-9 се врати во дуелот, поведе со 60-64. Но, драмата продолжи Хортон со пет поени во серија го сврте мечот за 65-63 во 38. минута. МЗТ Скопје две минути беше без реализација во нападот.
Дамјан Стојановски погоди две од трите слободни фрлања за 65-66, но Хортон со тројка одново го врати водството 68-66. Три напади МЗТ Скопје не успеа да искористи по ред, Бишоп казни со забивање за 70-66 на минута до крајот. Мекиќ погоди само едно слободно фрлање, иста реализација имаше Хортон. Николов намали 71-69, но на другата страна Смит ги постави конелните 73-69.