МЃП слави куп финале по пенал „рулетот“ во Струга (ВИДЕО)

290

Тимот на Македонија ЃП ќе се обиде да стигне до нова титула во националниот куп на Македонија, откако попладнево во полуфиналето од купот беше подобра од Струга Трим Лум на гостински терен по подоброто изведување на пеналите, 2:4.

Откако регуларниот дел заврши 0:0 се пристапи кон изведувањето на пеналите, а таму гостите далеку посконцентрирани и поефикасни. Самата серија започна со промашувањето на Босанчиќ кој им даде стартна предност на „Лавовите“. Од друга страна пак тие безгрешни од белата точка, а во клучниот момент, во четвртата серија, Христијан Стевковски беше поуспешен од Галевски по што победникот беше познат.

„Лавовите“ со овој триумф ја дополнуваат само исклучително успешната сезона, во која покрај тоа што се финалисти во купот, во домашниот шампионат исто така се во игра за излез во Европа.

ПретходноСилекс втора година по ред финалист
СледноТурција ни одржа лекција во Скопје