Пеле е добар, за неколку дена излегува од болница

101

Легендата на светскиот фудбал Пеле на почетокот на неделава беше примен во болницата „Алберт Ајнштајн“ во Сао Паоло, но неговата состојба е стабилна и ќе биде отпуштен за неколку дена. „Кралот на фудбалот“ периодично е хоспитализиран во болница за лекување на туморот на дебелото црево, кој му беше откриен и отстранет минатата есен.

Од болницата соопштија дека приемот на Пеле бил планиран и тој е во добра состојба.

ПретходноИнтер понудил 20 милиони евра за Филип Костиќ
СледноКуп – полуфинале: Во Струга ќе “ГОРИ“, Битола сака финале…