Поповски опериран, заврши сезоната за фудбалерот на Работнички!

163

Левиот бек на Работнички, Димитриј Поповски предвреме ја заврши сезоната. Врз него беше извршена хируршка интервенција на слепото црево, а деновиве ќе биде пуштен на домашно лекување. Со оглед на тоа дека е финиш на првенството, тоа значи дека за него оваа сезона заврши.

Секако дека е најважно младиот фудбалер комплетно да заздрави за да подготвен за она што го очекува во следната сезона.

Инаку Работнички во меч од 29.коло во ПМФЛ (петок) го пречекува тимот на Скопје.

ПретходноХетафе со триумф кај Селта Виго! (ВИДЕО)
СледноАрсенал е “главен“ во Лондон…го победи Челси на “Стемфорд Бриџ“! (ВИДЕО)