Откако синоќа беа прегазени на „Енфилд“ со 4:0, менаџерот на Манчестер Ј. Ралф Рангник отворено го критикуваше настапот на тимот и напомена дека во моментов Ливерпул и Манчестер Ј. се две различни планети.
„Ова е срамно. Целосно разочарувачки. Понижувачки. Треба само да прифатиме дека тие во моментов се шест години пред нас. Кога ќе го споредите тимот на Ливерпул со оној што Клоп го наследи пред шест години… Тие завршија на 8-то место со просек од 1,6 поени. Ова е отприлика местото каде што сме сега ние. Овој тим треба повторно да се изгради, јасно е. Натпревар како денешниот на многу драстичен начин покажа дека оваа обнова е неопходна“, изјавил Рангник во интервју по синоќешниот меч.