Секуловски: Сите карти ги ставивме на Купот

258

Екипата на Пелистер денеска го пречекува Силекс во едно од двете полуфиналиња на нациоанлниот фудбалски куп. Битолчани кои се без шанси да останат во елитата, денеска ќе се обидат да ги израдуваат своите навивачи со пласман во завршниот меч од Купот.

Тренерот Марјан Секуловски пред дуелот со лидерот во Втората лига-Запад, вели дека Пелистер е тим кој ќе се бори за секоја шанса која ќе ја добие за успех на домашната сцена.

„Сите карти ги ставаме на Купот. Кога дојдовме до оваа фаза целта е да се победи во полуфинале и да се игра во финале. Ќе играме против квалитетен ривал. Самата позиција на Силекс на табелата и натпреварите го покажуваат тоа. Меѓутоа ние играме на домашен терен, имаме доволно мотиви да го извлечеме максимумот од секој играч и на крајот од мечот да се радуваме. Се надевам дека со нашите “Чкембари“ за кои сум сигурен дека ќе дојдат и ќе ни дадат голема поддршка на крајот од мечот ќе славиме Куп-финале“, изјави Секуловски.

Одлучувачкиот меч на стадионот во Битола почнува во 16 часот.

ПретходноДеспотовски вечерва по титула во првенството на Црна Гора
СледноКин: „Си играат со гордоста, толку е тажно да се гледа овој Манчестер Јунајтед“