Екипата на Фулам се врати во англиската Премиер лига. Тимот од Западен Лондон го победи Престон Норт Енд со 3:0 синоќа и обезбеди едно од првите две места во Чемпионшип, без разлика на остатокот од сезоната. Со тоа Фулам си обезбеди промоција во англисата фудбалска елита.
Фулам поведе со голот на Александар Митровиќ во 9. минута, по што следуваше погодокот на Фабио Карваљо, а пред одморот Митровиќ го постигна вториот гол на мечот за конечни 3-0.
Фулам е лидер во Чемпионшип со 86 бодови од 42 натпревари. Лондончани имаат постигнато 98 гола, од кои 40 се на Митровиќ.
Тимот се враќа во елитата по една сезона во Чемпионшип, а промоцијата се проценува дека ќе им донесе 240 милиони долари.