Горазд Михаилов: Силекс не крие, сака финале, ние сме бранители на пехарот…

106

Ако првиот приоритет Силекс по водство на стратегот Горазд Михаилов речиси 99% го оствари, а тоа е експресно враќање во ПМФЛ, тогаш кратовци сакаат и вториот приоритет да го остварат. А тој е како актуелни бранители на пехарот да стигнат што подалеку во Купот на Македонија, по можност и во финалето.

Последна пречка за ова денеска ќе биде Пелистер и тоа во Битола, каде се игра еден од двата полуфинални мечеви во Купот на Македонија.

Горазд Михаилов за “Спортмедиа“ по повод денешниот меч во Битола истакна.

“Последните подготовки, пред се психолошки ги одработивме во Охрид каде бевме во карантин. Мислам дека максимално сме спремни, знаеме што сакаме. Секоја чест за Пелистер, тим на кој некогаш му бев тренер. Силекс го респектира својот денешен ривал, но сметам дека и ние си имаме свои шанси за успех. Се е можно, еден меч се игра, веројатно ќе решаваат нијанси. Пред нас е испишување на историја.Имено досега ниту еден второлигашки клуб во историјата на самостојна Македонија не играл во финалето во Купот, ете, нека биде тоа Силекс оваа сезона. Ние не криеме, сакаме финале, ние сме бранители на пехарот, тоа ни дава дополнителен мотив“ изјави Михаилов.

ПретходноКуп – полуфинале: Во Струга ќе “ГОРИ“, Битола сака финале…
СледноКомисија ќе ги „чешла“ салите: Хигиената во голем дел е застрашувачка!