Е.Пелистер не застанува, со цел плен се враќа и од Бутел Скопје

131

Е.Пелистер продолжува во победнички ритам во плеј-офот. Битолскиот тим на гостувањето кај Бутел Скопје славеше со 8-12 и се зацврсти на врвот на табелата.

Избраниците на Жељко Бабиќ немаа мака за да дојдат до бодовите, по првото полувреме поведоа со 8-12. Најголемото водство во овој дел од мечот беше пет гола разлика, истото го имаа пред одморот (7-12).

Во продолжение битолчани ја имаа рутинската задача, дојде на плус осум (10-18), на другата страна домашниот тим немаше решение за распложениот противник.

Божиќ Павлетиќ постигна седум гола, по четири имаа Граџан и Мандалиниќ. Кај Бутел, Младеновски имаше четири гола.

Овој меч стартуваше со едно минутно молчење во чест на прерано починатиот Денис Тот.

ПретходноЕднаквоста раѓа квалитет. ФФМ дел од Прогрес – ЕРАЗМУС+ проектот за родова еднаквост
СледноСестрата на Роналдо: Ливерпул, ти благодариме…ова никогаш нема да ви го заборавиме!