Е.Пелистер по нов „плен“ во Скопје, Вардар по бодови во Кавадарци

274

По завршување на ЕХФ-неделата посветена на последните бараж мечеви за пласман на Светското првенство 2023 година на кое виза обезбеди и македонската ракометна репрезентација, клубовите се враќаат на старите обврски.

Во рамките на плеј-офот во домашниот шампионат денеска ќе се одиграат два натпревари. Лидерот Е.Пелистер гостува во Скопје (18 часот), против Бутел ќе бара нови бодови за зацврстување на врвот на табелата. Избраниците на Жељко Бабиќ го сторија невозможното, го совладаат актуелниот македонски првак на гостински терен, па сега нема да ја пропуштат шансата да останат во пол-позиција пред новиот решавачки дуел со Вардар.

Кога сме кај актуелниот бранител на титулата. Има еден меч помалку од директниот конкурент, односно пет бодови помалку. Вардар му гостува на Тиквеш во Кавадрци, дуелот е закажан со почеток во 19 часот.

ПретходноИрвинг казнет со 50.000 долари, на фановите на екс-тимот им покажа среден прст (ВИДЕО)
СледноЕмрах од С.Криволак освои фантастични 1.677.990 денари со МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ