Атлетико Мадрид – Гранада 0:0 е епилогот од вечерашниот меч од 33.коло во Ла Лига. Секако дека е ова е голем кикс на сеуште актуелниот шпански шампион, пораз со кој си го загрози пласманот во Лигата на Шампионите сезонава.
Гранада се бранеше со тактиката на Диего Симеоне и успеа да ја сочува својата мрежа нечепната.
Инаку најголемата шанса за триумф на својот стадион „Ванда Метроплитано“ домашниот тим ја имаше во 89.минута кога Куња ја погоди стативата на Гранада.