МЗТ Скопје Аеродром „раскина“ со Морис Кари

118

Американецот Морис Кари повеќе не е кошаркар на МЗТ Скопје Аеродром, откако денеска потпиша спогодбен раскин на договорот со клубот. Местото на Кари веќе е пополнето со неговиот сонародник Бре Ајви, зад кого е фантастична сезона со одлични бројки во дресот на Академија ФМП и чие деби се очекува уште вечерва против ТФТ.

Тој во МЗТ дојде кон крајот на јануари, во пресрет на вториот дел од сезоната во домашното првенство и во АБА2-лигата, но не се снајде најдобро и не прикажа ниту дел од квалитетот кој се очекуваше од него.

ПретходноДецата на Лино Червар пораснаа – Талески и Кузмановски први стрелци во баражите!
СледноМегваер: Да бев толку лош, немаше да играм на секој меч