Милан Ристовски со неговата Трнава се пласира во финалето на Купот на Словачка

109

Убав успех за нашиот репрезентативец Милан Ристовски и неговата Трнава кои денеска и официјално изборија пласман во финалето на Купот на Словачка. Трнава на гости денеска славеше со 0:4 кај тимот на Сеница, и тоа не е изненадување ако се знае дека на првиот меч тимот на Ристовски победи со 3:0.

Токму затоа стручниот штаб на Трнава денеска го одмараше својот голгетер, имено Ристовски во игра влезе во средината од вториот дел.

Во финалето Ристовски и Трнава за ривал ќе го имаат составот на Слован Братислава.

ПретходноКикс на шампионот, Гранада со бод на „Ванда Метрополитано“!
СледноХетафе со триумф кај Селта Виго! (ВИДЕО)