Нашиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра 10 минути и забележа две асистенции за Валенсија со што помогна неговиот тим да го победи Хамбург со 98-80 и со тоа да се пласира во четвртфиналето во Еврокупот.
Супер интересно беше во Белград, каде Партизан речиси сам се порази на мечот против Бурса. Нешто невидено во кошарката. Имено момците на Жељко Обрадовиќ во регуларниот дел имаа пет поени предност на 14 секунди до крајот. Сепак Бурса успеа да ја стигне предноста, па мечот отиде во продолженија каде гостите беа подобри на крајот славеа со 95-103.