Рангник безмилосно реален: Ливерпул е 6 години пред нас…

166

Откако синоќа беа прегазени на „Енфилд“ со 4:0, менаџерот на Манчестер Ј. Ралф Рангник отворено го критикуваше настапот на тимот и напомена дека во моментов Ливерпул и Манчестер Ј. се две различни планети.

„Ова е срамно. Целосно разочарувачки. Понижувачки. Треба само да прифатиме дека тие во моментов се шест години пред нас. Кога ќе го споредите тимот на Ливерпул со оној што Клоп го наследи пред шест години… Тие завршија на 8-то место со просек од 1,6 поени. Ова е отприлика местото каде што сме сега ние. Овој тим треба повторно да се изгради, јасно е. Натпревар како денешниот на многу драстичен начин покажа дека оваа обнова е неопходна“, изјавил Рангник во интервју по синоќешниот меч.

ПретходноЊу Орлеанс направи брејк, Мемфис и Мајами ја искористија домашната предност (ВИДЕО)
СледноФулам се врати во Премиерлигата