Ајнтрахт Франкфурт направи сензација со тоа што победи на „Ноу Камп“ и ја елиминира Барселона во Лига Европа и се пласира во полуфиналето. На тој меч имаше преку 15.000 германски навивачи на „Ноу Камп“ што го изнервира раководството на Барселона.
Следен ривал на бундеслигашот е англискиот Вест Хем. А премиерлигашот не сака да се повтори сценариото од „Ноу Камп“. Дозволи само 3.000 германски навивачи на трибините на стадионот во Лондон.
Исто така „Чеканите“ им порачаа на фановите да не ги продаваат своите билети на гостинските навивачи затоа што ќе бидат казнети за оние кои ќе се обидат да заработат на „црниот пазар“.
„Оние кои ќе ги препродадат картите ќе им биде поништен сезонскиот билет за Премиер лигата за сезоната 2022/23 и ќе ги загуби привилегиите што ги има како корисник на сезонски билет. Исто така нема да му бидат вратени парите“, соопштија меѓу другото од Вест Хем.
Исто така посочија дека германски навивач со билет од друг дел од стадинот нема да му биде дозволено да влезе на стадионот. Од клубот имаат добар систем на контрола на продажба на билети, распределба на навивачите по сектори и неколку контроли на влезовите што значи дека не е возможно малверзација.
Првиот меч се игра на 28 април, а реваншот во Франкфурт е закажан за 5 мај.