Во меч од 2.коло во плеј – аут лигата, попладнево тимот на Работнички во салата „СРЦ Кале“ со 81-70 успеа да го победи Кожув. По четвртини беше 22-16, 21-10, 19-16 и 19-28. Од ова се гледа дека домашниот состав пропуштил да му нанесе вистинска катастрофа на гостинот, посебно ако се знае дека доминираше во текот на сите четвртини освен во последната која Кожув убедливо ја доби.
Ова беше втора победа на Работнички во вториот меч во плеј – аутот.
Најефикасен на мечот беше Балмазовиќ од домашниот тим со 26 поени, кај домашните се истакна и Какруки со 14 поени, додека кај гостите ДеКардо со 22 поени беше најрасположен за игра.