На капитенот на Јунајтед Хари Мегваер во последно време не му оди никако. И покрај тоа што игра очајно, тој е мета и на исмејување од сите фудбалски фанови, а посебно од фановите на Јунајтед кои жестоко го критикуваат.
Сепак некои работи се чини отидоа предалеку. Имено како што известуваат медиумите од Островот, до самиот фудбалер деновиве пристигнувале анонимни закани, во нив стоело дека набргу ќе му фрлат бомба. На сето ова реагираше и полицијата во Манчестер, која заедно со полициски кучиња во неколку наврати проверувале дали имало бомба во неговата куќа или во нејзината близина.
Навистина скандалозно…