Европската фудбалска централа ја започна процедурата за продажба на билети за финалето на Лигата на шампионите кој сезонава ќе се игра на „Стад де Франс“ во Париз на 28 мај.
52.000 билети од вкупниот капацитет од 75.000 на стадионот ќе бидат поделени меѓу навивачите, а 20.000 ќе бидат доделени на тимовите финалисти.
Едно лице може да аплицира за најмногу два билети, а секој кандидат ќе биде известен преку е-пошта до 6 мај доколку апликацијата е одобрена. 10.000 од билетите предвидени за тимовите финалисти ќе бидат поделени бесплатно во знак на благодарност од УЕФА до навивачите за нивната емпатија за време на пандемијата. Распределбата на билетите, вклучувајќи ги и бесплатните билети, ќе им биде доверена на клубовите финалисти на турнирот.
Најевтините билети ќе се продаваат по цена од 70 евра, додека оние најскапите чинат и скоро 700 евра.