Адеми и Ристовски останаа без тренер

281

По синоќешниот пораз во големото дерби против Хајдук во Сплит од 1:0, тимот на Динамо за кој настапуваат нашите Аријан Адеми односно Стефан Ристовски му врачи отказ на досегашниот тренер Жељко Копиќ.

Динамо ова го прави во многу специфичен момент, кога е лидер на табелата но има само два поени предност пред ривалите, и титулата ниту од далеку не е осигурана, напротив. Треба уште многу да се одработи за да истата пристигне на Максимир, но ете управата на „Модрите“, се одлучи за овој радикален чекор токму во овој момент.

Во текот на денот веројатно ќе се дознае и неговиот насленик.

ПретходноМанчестер Јунајтед го официјализираше Ерик Тен Хаг како нов менаџер
СледноМрме ќе биде нов тренер на Динамо Загреб