Јувентус се пласира во финалето на Купот на Италија, а за трофејот ќе се бори со Интер. „Старата дама“ немаше добра сезона, не е конкурентна, а Интер и Милан покажаа далеку подобар фудбал. Јувентус се најде во позиција да го брани четвртото место на табелата, последното кое води во ЛШ.
Поради тоа тренерот Масимилијано Алегри често е на удар, а многумина сметаат дека ова е транзициска сезона за Јувентус и дека идната ќе тргне со нов тренер. На прашањето дали Алегри ќе биде на клупата и идната сезона тој одговори:
„Не само наредната, туку наредните три. Со тоа што мораме да го направиме Јувентус поконкурентен, стабилен и дапобедува. Она што најмногу ме разочара се поразите во директните дуели со Интер, затоа што мислам дека тоа и ја одлучи лигата. На пет кола до крајот, а не сме во трката по Скудетото и тоа ме нервира.
Ајде тоа нека биде мотивација за идната сезона, да извлечеме поука од оваа и да излеземе поискусни и подобри идната сезона. Впрочем треба да сфатиме дека во фудбалот и животот не можеш постојано да победуваш“, вели Алегри кој додаде дека кога ќе ги последне идните натпревари може да каже дека Фиорентина им е најголемиот конкурент за четвртото место отколку Рома на Жозе Мурињо.