Баерн до брејк кај Барселона, Милано изедначи против Ефес

48

Два интересни натпревари вечерва се одиграа во рамките на плеј-офот во Евролига. Милано успеа да израмни (1-1) во серијата против Ефес, славеше со 73-66. Домашниот тим до победата дојде во самиот финиш. Противникот водеше со четири коша, по што италијанскиот состав со пет поени во низа успеа да направи важен чекор кон триумфот.

Шилдс со 20 поени беше прв стрелец, Родригез со 17 поени добро го следеше, на другата страна Ларкин имаше 19 поени.

Барн успеа да дојде до голема победа и тоа кај Барселона, славеше сп 75-90 и направи брејк.  Томас со 25 поени го предводеше својот тим, на другата страна Лапровитола и Митровиќ имаа по 16 поени.

ПретходноБарнли без многу мака со Саутемптон! (ВИДЕО)
СледноМајката на Мбапе даде јасен сигнал за неговата иднина!