Одбојкарите на Вардар и Шкендија вечерва ќе го одиграат вториот меч од полуфиналето на домашниот одбојкарски плеј-оф. Првиот дуел во Тетово им припадна на тетовските „црвено-црни“ со пресврт во пет сета, па доколку денеска успеат да го совладаат Вардар во Скопје, уште вечерва ќе станат финалисти.
Вардар е пред предизвикот да возврати по поразот во Тетово и да се избори за трет решавачки меч на теренот на противникот. Инаку, од пред некој ден екипата на Струмица веќе обезбеди пласман во финалето и го чека својот ривал на патот кон новата титула, токму од вечерашната пресметка.
Прва лига (мажи), полуфинале (реванши)
Универзитет во Тетово – Струмица 47&72 1:3 (21:25, 25:23, 18:25, 20:25) / 0:2
Вардар – Шкендија (0:1) (денеска, 21.00, МРТ-3)