Второлигаш го исфрли Зенит од Купот на Русија (видео)

153

Зенит е елиминиран од Купот на Русија од второлигашот Аланија, а домашниот тим изедначи во 92 минута со одличен гол од слободен удар, а потоа славеше во пенал-серијата. Џороџобијани го постигна изедначувачкиот гол, а потоа во пенал-серијата на голот на домашните блескаше Солдатенко. Тој погоди во првата серија, а потоа одбрани два и го однесе својот тим во полуфиналето.

Во полуфиналето ќе игра уште еден второлигаш, тоа е Енисеј од Краснојарск кој го елиминира Рубин по победата од 3:1. Динамо Москва го елиминира второлигашот Балтика по подобро изведување на пеналите 5:4, а во регуларниот дел и по продолженијата беше 1:1.

А во московското дерби, Спартак славеше над ЦСКА со 1:0 и се пласира во полуфиналето.

ПретходноИ тој е само човек: Бензема утна два пенали и постави негативен рекорд
СледноНовак до организаторите на Вимблдон: Што се виновни руските тенисери за да ги казнувате