Гвардиола: Одиграме ли еднаш реми, Ливерпул е шампион

266

Екипата на Манчестер Сити во моментов е лидер на табелата во Премиер лигата. Има бод предност пред ривалот Ливерпул и се кажува дека завршницата на сезоната ќе биде неизвесна и интересна како ретко кога годиниве.

Менаџерот на Сити, Пеп Гвардиола изјави дека тој и неговиот тим се свесни што ги чека во последните шест кола и дека доколку само еднаш ремизираат или пак загубат Ливерпул ќе ја земе титулата.

„Не сме глупави. Ако ремизираме, испуштиме два бода, Ливерпул ќе биде шамион. Ако пак ги добиеме сите мечеви, ние сме први. Играчите тоа го знаат, свесни се за тоа. Знаеме што не чека, дека имаме тешки мечеви пред нас и дека доколку играме како денеска дека нема да имаме проблем да ги добиеме овие клучни мечеви“ – изјави Пеп по триумфот над Брајтон па додаде.

“Се случи пред неколку години. ПОбедивме на 14 мечеви по ред, за да станеме шампиони. Ако се случи тоа и сезонава, нема од што да стравуваме. Многу нешта зависат и од заморот, повредите, и од Лигата на Шампионите. Имаме само пет недели да го направиме ова. Цели единаесет месеци се сведуваат во овие пет медели. Имаме три тешки гостувања, но од друга страна тоа се само шест мечеви. Ливерпул е страшен тим, има се. Тоа е еден од најдобрите тимови во историјата. Играме под голем притисок но тоа не е оправдување за ништо“ – рече Пеп

 

ПретходноМрме ќе биде нов тренер на Динамо Загреб
СледноВардар се бори за „мајсторка“ за финале на одбојкарскиот плеј-оф