Манчестер Сити го совлада Брајтон со 3:0 во одложен меч од 30. коло во Премиер лигата. Со тоа Пеп Гвардиола стигна до 250 победи како менаџер на Сити, а тоа му успеа во 344 натпревари во сите конкуренции што е рекорд за тренерите во Премиер лигата.
Го симна Жозе Мурињо од врвот на оваа листа. Португалецот кој ги предводеше Челзи, Манчестер Јунајтед и Тотенхем заокружи 250 натпревари меѓутоа во 396 натпревари. Во топ 5 се уште Кени Далглиш (Ливерпул, Блекбурн и Њукасл) на кого му требале 429 натпревари за 250 победи, на Арсен Венгер (Арсенал) му биле потребни 433 натпревари, а на Дон Реви (Лидс) 439 натпревари.
250 #ManCity wins for Pep Guardiola. pic.twitter.com/96OrXjGFxL
— City Report (@cityreport_) April 20, 2022