Деспотовски и Будва ја освоија двојната круна во Црна Гора

129

Македонскиот одбојкарски репрезентативец, Филип Деспотовски ја освои двојната круна во Црна Гора. Неговиот тим Будва четвртипат по ред триумфираше и во купот и во пренството на Црна Гора, откако во третиот натпревар од овогодинешното финале на плејофот, го совлада Будуќност со резултат 3:2 (22:25, 25:15, 25:20, 21:25, 15:6) и со тоа ја заврши плеј-оф серијата.

Извонреден настап имаше нашиот плеј кој реализираше 4 поени во победата на будвани, кои синоќа имаа причини за луда прослава. Деспотовски со ова ги заврши обврските во Будва, па сега на стартот на мај треба да и се приклучи на репрезентацијата во подготовките за новото издание на Европската сребрена лига.

ПретходноСудот во Мадрид пресуди во корист на УЕФА: Барса, Реал и Јуве можат да се соочат со санкции
СледноИсторија: Жена ќе го суди финалето на францускиот Куп!