Динамо (З) брзо реагираше и го назначи Анте Чачиќ за привремен тренер

269

Динамо (З) брзо реагираше и го назначи Анте Чачиќ за привремен тренер на тимот, откако утрово „модрите“ од Загреб и официјално му врачија отказ на досегашниот предводник на тимот, Жељко Копиќ.

Чачиќ ќе биде на кормилото на загрепчани до крајот на натпреварувачката сезона 2021/22.

Анте Чачиќ го водеше првиот тим на Динамо и порано во својата тренерска кариера, од декември 2011 до ноември 2012 година, која и ја освои титулата хрватски шампион, а го освои и хрватскиот куп.

ПретходноВардар се бори за „мајсторка“ за финале на одбојкарскиот плеј-оф
СледноЛуис Хамилтон и Серена Вилијамс може да станат нови „газди“ на Челзи