Koшаркарите на Филаделфија се наоѓаат на чекор до пласман во полуфиналето на Источната конференција на НБА лигата затоа што после продолженија го победија Торонто со 104:101 и така поведоа со 3-0 во серијата. Јунак на триумфот е Џоел Ембид кој погоди тројка со звукот на сирената за конечен резултат, додека мечот го заврши со 33 поени и 13 скокови.
Торонто во вториот период имаше дури 17 поени повеќе, но не успеа во финишот. Се чини дека Филаделфија ќе игра со подобриот од двомечот Мајами-Атланта (2-0). Анонуби беше најефикасен во Торонто со 26 поени.
JOEL EMBIID WITH THE HUGE THREE IN OT 😱 pic.twitter.com/VKpdy4HszF
— ESPN (@espn) April 21, 2022
А Чикаго изедначија на 1-1 против актуелниот шампион Милвоки во првото коло од плеј-офот на Истокот благодарение на победата од 114-110. Булс ги предводеше Демар Дерозан со 41 поени, седум скокови и четири асистенции. Тоа е само втора победа на Чикаго против Милвоки во последните 19 натпревари. Кај Милвоки најефикасен беше Адетокунбо со 33 поени.
А кошаркарите на Бостон поведоа со 2-0 против Бруклин откако забележаа победа со 114-107. Седум играчи на Бостон постигнаа двоцифрен број поени, а најефикасен беше Џејлен Браун со 22 од кои 10 постигна во четвртата четвртина. Кај Бруклин најефикасен беше Кевин Дурент со 27 поени.