Е.Пелистер 2 му одржа лекција на Охрид

90

Е.Пелистер 2 одново излезе како победник од пресметката со ГРК Охрид. Избраниците на Александар Јовиќ овој пат на домашен терен славеа со 26-22.

Гостите беа нешто порамноправен противник во првите неколку минути, не поведоа ниту еднаш на оваа средба, само изедначија на 5-5, пошто домаќинот го диктираше ритамот. Битолчани поведоа со 12-7, на одморот беше 13-9.

Во висок ритам продолжија и во второто полувреме, охриѓани во ниту еден момент не беа сериозна закана. Со новите бодови, Е.Пелистер се врати на четвртото место на табелата зад Бутел Скопје.

Ѓорговски со седум гола беше прв стрелец, по четири погодоци имаа Петар Атанасијевиќ, Димитриоски и Петровиќ, на другата страна Шилегов и Кривокапиќ постигнаа по четири гола.

ПретходноФернандо од Шахтјор е нов напаѓач на РБ Салцбург
СледноНовак се „испоти“ за влез во полуфиналето на “Србија Опен“ во Белград!