ИХФ ПОТВРДИ: Македонија е домаќин на СП за кадетки ова лето

67

Ракометната Федерација на Македонија денеска потврди дека ја доби официјална потврда од ИХФ дека е избрана да биде организатор/домаќин на Светското првенство во ракомет за кадетки оваа година.

Македонија е избрана како замена за Грузија, поради политичката ситуација во таа држава.

РФМ првенството за кадетки ќе го организира во Скопје во арените „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“, а нашата селекција веќе има обезбедено место на овој собир. СП ќе се одржи од 30 јули до 10 август.

ПретходноВест Хем не сака да му се случи Барса: Ќе казнува навивачи кои ќе препродадат карти
СледноПреселбата продолжува: Вардар како домаќин ќе ја пречека Беса на „Автокоманда“!