Добри вести пристигнуваат од Барселона. Имено нашиот репрезентативец Тихо Костадинов успешно беше опериран на предните вкрстени лигаменти, најтешката повреда кај еден фудбалер. Играчот за врска на Пјаст Гливице добро чувствува по оперативниот зафат и смета дека и порано од предвидувањата би можел да се врати на теренот.
Добро е познато дека Македонецот е голем борец, а ние му посакуваме што побргу да заздрави иако се знае дека по ваквите повреди паузата е од 6 до 8 месеци.