Герет Бејл на крајот на оваа сезона ќе го напушти Реал Мадрид каде ги мина изминатите девет години.
Герет Бејл на крајот на оваа сезона ќе го напушти Реал Мадрид каде ги мина изминатите девет години.
Имаше информација дека 32-годишниот офанзивец е решен да стави крај на кариерата, но денеска стигнаа нова вест. Бејл доби понуда, и тоа од МЛС-лигата.
За услугите на репрезентативец на Велс е заинтересиран ДС Јунајтед, засега имаат усмен договор, а според неофицијални извори тој ќе заработува повеќе од Вејн Руни.
Руни додека го носеше дресот на овој клуб годишно имаше на својата земтка три и пол милиони долари. Понудата до Бејл е е поголема и преговорите се во тек.
Дали навистина ќе ја продолжи својата кариера во МЛС лигата останува да видиме по крајот на оваа сезона.
Во дресот на Реал одигра 258 мечеви и постигна 106 погодоци, но во последно време тој е најнеомилениот играч кај фановите на „кралскиот“ тим.