Луис Хамилтон и Серена Вилијамс може да станат нови „газди“ на Челзи

166

Луис Хамилтон и Серена Вилијамс инвестирале сопствени средства во една од понудите за купување на англиски Челзи. Седумкратниот шампион во Формула 1 и победничката на 23 Грен слем турнири инвестирале 20 милиони фунти (по 10 милиони фунти секој од нив) во конзорциум предводен од поранешниот претседател на Ливерпул, Мартин Бротон.

Желбата на Бротон е да го купи Челзи и да стане мнозински сопственик на лондонските „сини“.

Конзорциумот, претставен од Бротон, сега претседател на International Airlines Group е во содејство со претседателот на Светската атлетика, Себастијан Коу, и заеднички поднеле понуда за купување на лондонскиот клуб од Роман Абрамович .

Претставниците на здружението за инвестиции изјавија дека се подготвени да инвестираат во развој на клупската инфраструктура и зајакнување на тимот. Екс-претседателот на Ливерпул вети и дека навивачите ќе бидат активно вклучени во одлуките кои влијаат на судбината на Челзи.

ПретходноДинамо (З) брзо реагираше и го назначи Анте Чачиќ за привремен тренер
СледноМанчестер Јунајтед му дава на Тен Хаг 200 милиони за трансфери