Манчестер Јунајтед го официјализираше Ерик Тен Хаг како нов менаџер

106

Предмалку тимот на Манчестер Јунајтед преку социјалните мрежи и официјално објаби дека холандскиот стручњак, Ерик Тен Хаг е новиот менаџер на клубот.

По серијата неуспешни обиди да се замени Сер Алекс Фергусон, деценија подоцна, Јунајтед ќе се обиде со младиот но екстра квалитетен стручњак од Холандија, откако преодното решение Ралф Рангник кој сеуште е на клупата на Манчестер се покажа само како еден „од“, и дека и тој нема решение како да го врати радрманиот гигант на старите патеки.

Па така, Тен Хаг сега ќе има екстремно тешка задача, но ете, во Манчестер Јунајтед веруваат дека конечно го пронашле менаџерот на иднината за нив. Тој потпиша соработка од стартот на следната сезона до 2025 година.

ПретходноУште шест ѕвезди влегуваат во „Куќата на славните“ на Премиер лигата
СледноАдеми и Ристовски останаа без тренер