Нант се пласираше во полуфиналето на францускиот Куп, откако го совлада Екс со 32-27. Тимот на најдобиот македонски ракометар, Кирил Лазаров по првото полувреме имаше негатива од еден гол (15-16), благодарение на добрата игра во вториот дел дојде до убедлив триумф.
Лазаров не беше во составот на Нант поради повредата со која се здоби на бараж мечевите со Чешка.
Монар со седум гола беше прв стрелец, Нилсен имаше десет одбрани.