Новак до организаторите на Вимблдон: Што се виновни руските тенисери за да ги казнувате

799

најдобриот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ ја прокоментира одлуката на Вимблдон да не им дозволи учество на руски и белоруски тенисери. Причината е јасна, руската инвазија над Украина и санкциите на Западот кон Русија. АТП и ВТА им дозволи на руските и белоруските тенисери да настапуваат на турнирите но не под руско знаме, меѓутоа организаторите на престижниот Вимблдон одлучија да не им дозволат да играат.

Секогаш ги осудувам војните. Знам колкава траума е тоа, а како таа влијае на децата. Ние во Србија добро го знаеме тоа, во 1999 година имавме бомбардирање. Секогаш пати обичниот народ. Не можам да ја поддржам одлуката на Вимблдон. Играчите немаат ништо со тоа. Политиката кога ќе се вмеша во спортот никогаш ништо не излегува добро од тоа “, рече Новак.

 

 

ПретходноВторолигаш го исфрли Зенит од Купот на Русија (видео)
СледноФранцузин го промени националниот тим во пресрет на СП 2022