Одлична партија на Филип Кузмановски, Хановер со цел плен

249

Хановер за кого настапува Филип Кузмановски дојде до важни бодови и тоа благодарение на добрата игра во второто полувреме, на домашен терен го совлада Хамбург со 29-27 во меч од 19. коло.

Тимот на македонскиот репрезентативец имаше негатива од два гола на одморот (13-11), но потоа со добра одбрана и уште подобра реализација успеа да дојде до целиот плен на овој меч.

Кузмановски продолжи во ист ритам и во Бундес-лигата, во која минатото коло се најде во тимот на колото, за првпат. Мечот го заврши со четири голови од шест обиди, имаше и четири асистенции.

Жарко Пешевски и Штутгарт имаа тешка задача, играа на гости кај Рајн Некар, беа совладани со 23-28. Ова беше 18. пораз за тимот на македонскиот репрезентативен пикер, кој мечот го заврши со еден гол од два обиди.

ПретходноФОТО НА ДЕНОТ: Шефе, ако ја победиме Ренова готово е, така?
СледноРакометарките го испотија европскиот и светски првак 50. минути!