Прилеп без мака против Радовиш, Пролет го демолира Скопје

69

Фаворитите во битката за опстанок ги оправдаа очекувањата. Прилеп и Пролет запишаа убедливи победи.

Избраниците на Горан Кузманоски дојдоа до втората победа во плеј-аутот, на домашен терен беа подобри од Радовиш со 28-25, меч кој можеа да го добијат и поубедливо, но се опуштија во самиот финиш.

Гостите имаа водство на почетокот 0-1 и 2-3, по што домаќинот со серија од 5-0 поведе со 7-3. Пет гола разлика беше најголемото водство во овој дел од мечот (10-5), на одморот Прилеп водеше со 13-11.

Во вториот дел, Прилеп брзо ја врати пристојната позитива, но пред самиот крај по 28-20, му дозволи на противникот да даде пет гола во низа и да намали на 28-25.

Чантурија беше во центарот на вниманието постигна 11 гола, зад него беше Бикоски со пет. Коковски со осум и Бикоски со шест беа најефикасни кај гостите.

На втората средба, Пролет убедливо го совлада Скопје со 25-35 и се зацврсти на врвот на табелата. Палевски имаше седум гола, Џонов еден помалку, пет запиша Димов. На другата страна Мишевски и Василевски имаа по пет погодоци.

Скопје имаше сили само на почетокот, по 8-7, гостите со серија од 7-0 дојдоа на 8-14 и целосно го свртеа мечот. На одморот водеа со 11-15. До крајот ја имаа рутинска задача, која без проблем ја завршија.

ПретходноСтоле одличен во триумфот на Рајо, Барди и Леванте поразени по трилерот со Севилја! (ВИДЕО)
СледноКрај во Мадрид, но почеток на нова епизода во кариерата на Бејл