Работнички пропушти да му нанесе катастрофа на Кожув!

116

Во меч од 2.коло во плеј – аут лигата, попладнево тимот на Работнички во салата „СРЦ Кале“ со 81-70 успеа да го победи Кожув. По четвртини беше 22-16, 21-10, 19-16 и 19-28. Од ова се гледа дека домашниот состав пропуштил да му нанесе вистинска катастрофа на гостинот, посебно ако се знае дека доминираше во текот на сите четвртини освен во последната која Кожув убедливо ја доби.

Ова беше втора победа на Работнички во вториот меч во плеј – аутот.

Најефикасен на мечот беше Балмазовиќ од домашниот тим со 26 поени, кај домашните се истакна и Какруки со 14 поени, додека кај гостите ДеКардо со 22 поени беше најрасположен за игра.

ПретходноСудии за ВМФЛ: Бартон ќе го суди дербито на истокот, Пилешков “главен“ на дуелот Тетекс – Воска….
СледноЛудило: Руски клуб ги извади столчињата од трибините на стадионот зошто биле во боите на Украина! (ФОТО)