Ракометарките го испотија европскиот и светски првак 50. минути!

340

Македонската женска ракометна на првата средба против Норвешка беа поразени со 18-24. Нашите девојки одлично му се спротиставија на актуелниот европски и светски првак, кој дури по 49. минута успеа да го урне отпорот на избраничките на Љубомир Савевски.

Јована Саздовска постигна шест гола, Јанеска имаше четири, еден помалку запиша Ристовска.

Многумина мислеа дека гостинските лесно ќе го решат овој меч, но добро се испотија. Најголемото водство во првите 30. минути кое Норвешка го имаше беше четири гола разлика (4-8, 5-9 и 6-10). Ристовска и Саздовска намалија на 8-10, по новите минуст два (10-12), Ристовска не реализираше за да намали на еден гол негатива, но на одморот „ццрвено-жолтите“ заминаа со достижни 12-14.

Пред крајот на првото полувреме, Македонија со серија од 3-0 изедначи на 14-14 на стартот на вториот дел, а Штериова пропушти шанса да донесе прво водство на овој дуел. На другата страна следеше казна за 14-16. Нашите девојки паднаа во 49 минута, Норвешка со серија од 6-0 дојдоа на плус осум (16-24).

„Црвено-жолтите“ не успеаја да се вратат од оваа негатива, на крајот го запишаа петтиот пораз во ЕХФ Купот.

Втората средба меѓу овие две репрезентации е закажана за 24 април во Бекестуа, Норвешка.

ПретходноОдлична партија на Филип Кузмановски, Хановер со цел плен
СледноСтоле одличен во триумфот на Рајо, Барди и Леванте поразени по трилерот со Севилја! (ВИДЕО)