Уште шест ѕвезди влегуваат во „Куќата на славните“ на Премиер лигата

152

Сега и официјално. Познати се имињата на уште шест фудбалери кои годинава ќе влезат во „Куќата на славните“ на Премиер лигата. Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити имаат по двајца претставници, а по еден Арсенал и Челзи.

На списокот Ијан Рајт, некогашниот голгетер на Арсенал, потоа легендарниот голман на Јунајтед Петер Шмајхел, потоа играчот за врска Пол Сколс. Некогашниот напаѓач на Челзи Дидие Дрогба е на списокот, а другите двајца се Венсан Компани и Серхио Агуеро поранешниот ѕвезди на Манчестер Сити.

„Куќата на славните“ на Премиер лигата првпат беше претставена во 2021 година, а тогаш влегоа Дејвид Бекам, Денис Бергкамп, Франк Лампард, Стивен Џерард, Рој Кин, Ерик Кантона, Тиери Анри, Алан Ширер, пред еден месец беа додадени Патрик Виеира и Вејн Руни.

 

ПретходноНајтрофејната репрезентација гостува во Скопје, нашите девојки без бело знаме
СледноМанчестер Јунајтед го официјализираше Ерик Тен Хаг како нов менаџер