Феникс за првпат оваа сезона успеа да дојде до победа на жешкиот терен во салата „Младост“. По голема драма и продолжение, дебитантот го зеде скалпот на Гостивар, го совлада со 66-69 за прва победа во Супер-лигата. Со новите бодови, Феникс се израмни со Гостивар и ТФТ, имаат по 37 бодови и ја направи трката за влезе меѓу првите четири екипи уште поинтересна.
Михајловски и Митревски имаа по 13 поени, еден помалку запиша Петков, Митревски бепе стрелец на десет поени. На другата страна Тодоровиќ имаше 15 поени.
Шанса имаше и домаќинот, не ја искористи добрата игра на стартот. Избраниците на Александар Јонечвски влегоа силно во натпреварот, поведоа со 11-0. На другата страна на гостите им беа потребни четири и пол мунути за да ги постигнат првите поени, тоа го стори Димитриески од линијата за слободни фрлања (11-2). Феникс не дозволи оваа средба брзо да отиде во непосакуван правец, Трајковски, Вилијамс и Митревски намалија на 21-15 по првата четвртина.
Веќе во следниот период гостите фатија ритам на одморот 37-30, а благодарение на добрата игра во третата четвртина која ја добија со 9-14, дојдоа на минус два 46-44 пред стартот на решвачките десет минути.
Тука беше вистинска битка со мал број поени по само шест минути игра двата тима дадоа вкупно десет поени. Се играше кош за кош, со тоа што Гостивар имаше минимална предност од еден кош. Силаџи и Тодоровиќ зголемија на 57-53, но Петков врати за 57-55 на 34 секунди до крајот.
Во самиот финиш се повреди Ефремовски беше изнесен на раце, Гостивар не искористи напад за да стави печат на победата, Вилијамс израмни на 57-57 на седум секунди до крајот. Времето беше прекратно, дуелот беше решен во продолжение.
Со тројките на Михајловски и Трајковски, Феникс поведе со 57-63, пропушти напад за поголема позитива. Гетлинг намали на 59-63. По 59-65, Ефремовски и Тодоровиќ со две тројки израмнија на 65-65 на повеќе од минута за голема драма.
Митревски на 21 секунда ги издрибла противничките кошаркари за 66-69, Јончевски повика тајм-аут. Гостивар не искористи два напади за голема радост на Феникс.