ФОТО НА ДЕНОТ: Шефе, ако ја победиме Ренова готово е, така?

585

Нема веќе дилеми. Шкупи во сабота ја дочекува Ренова во меч од 29.коло во ПМФЛ и ако победи, тогаш на Чаир и официјално ќе се слави титула и тоа по цели 21 години. Јасно е дека стратегот Седлоски не дозволува никакво опуштање во пресрет на саботниот меч, но сепак забележливо беше на денешниот тренинг како малку во шеретски стил разговараше со Фреди Алварез, веројатно најдобриот фудбалер сезонава во ПМФЛ.

Никој не знае за што точно разговараа, но претпоставуваме дека Фреди имаше свое прашање до Седло…

Шефе, ако ја победиме Ренова готово е, така?“

ПретходноФеникс по голема драма и продолжение го освои Гостивар
СледноОдлична партија на Филип Кузмановски, Хановер со цел плен